ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Белгија со пресврт ја доби Данска и оди во следната фаза на ЕП

Белгија преку пресврт ја доби Данска со 1:2 и патува во следната фаза на Европското првенство. Во првиот дел Белгијците беа немоќни и надиграни, додека во вториот дел одиграа сосема поинаку, подобро и поквалитетно.

Поулсен ја стресе мрежата на Куртоа уште во 2. минута од натпреварот. Во 10. минута играта застана во чест на Кристијан Екриксен кој доживеа срцев удар на дуелот против Финска и во моментот се наоѓа во болница.

Во 55. минута Торген Азар ја погоди противничката мрежа за 1:1, додека во 70. минута Де Брујне постигна гол за водство на Белгија.

Во групата Б лидер на табелата е Белгија со шест бодови, потоа следат Русија и Финска со по три бода, а последна е Данска без бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!