Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Барселона прави страшно силен тим: По Агуеро, потврден уште еден ГОЛЕМ трансфер!

Серхио Агуеро пред два дена стана нов член на Каталонците, а утрово Барселона го претстави второто засилување за следната сезона. Станува збор за Ерик Гарсија, кој исто така доаѓа од редовите на актуелниот вицешампион на Европа, Манчестер Сити.

20-годишниот дефанзивец претходно ги договори сите услови за соработка со Каталонците, а денес и официјално стана старо-нов член на Барса. Гарсија потпиша петгодишен договор со Барселона и ќе има отштетна клаузула од дури 400 милиони евра.

„Никаде како дома“, рекоа од Барселона со видео за добредојде на младиот фудбалер.

За потсетување, Гарсија ги мина сите младински селекции на каталонскиот клуб, но во 2017 година реши да замине на „Етихад“. Сепак, тој немаше голема митужа во редовите на „граѓаните“, бидејќи во три сезони оствари само 35 настапи.

Челниците на Барселона гледаат во Гарсија исклучителен потенцијал за иднината, и веќе го сметаат за исклучително важен играч. Тоа нема да биде сè за денес, барем што се однесува до новите играчи на „Камп Ноу“. Според медиумите во Шпанија, Каталонците ја искористиле опцијата и платиле девет милиони евра на Бетис за десниот бек Емерсон, а тој наскоро ќе стане член на Каталонците. Можеби вечерва…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!