Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Барса преговара со млада ѕвезда, а Реал ја „раскинува“ зделката ?

Барселона во последно време има големи финансиски проблеми, а се водат преговори со многу играчи на гигантот од Каталонија за продолжување или ревидирање на соработката – еден од нив е младиот играч за врска Илеис Мориба.

Преговорите на релација Мориба-Барса во моментов се во ќор-сокак, а тимот од стадионот „Камп Ноу“ смета дека тоа е „заслуга“ на најголемиот ривал на Реал Мадрид, кој го саботира продолжувањето на договорот.

Мориба (18) е еден од најдобрите „производи“ на академијата „Ла Масија“ во последните неколку години, а неговиот договор со сино-црвениот клуб истекува летото 2022 година, па Барселона сака да ја продолжи таа соработка.

Барселона го извести Мориба дека нема да можат да тренираат со остатокот од тимот за време на подготовките за новата сезона, се додека тој го одложува продолжувањето на соработката.

Според „Goal“, Реал Мадрид гледа голем потенцијал кај шпанскиот играч и смета дека тој би можел да напредува во нивните редови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!