Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Балотели во турска епизода: Потпиша за новиот суперлигаш!

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели кариерата ја продолжува во турска Адана Демирспор со која потпиша тригодишен договор.

Балотели се приклучи на редовите на амбициозниот клуб, кој се врати во елитниот ранг по 26 години, без обештетување, бидејќи неодамна му истече соработката со Монца.

Поранешниот репрезентативец на „Аѕурите“ е четврто засилување на Адана за кратко време.

30-годишниот Супер Марио кариерата ја започна во Интер. Потоа тој беше член на Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша и гореспоменатата Монца.

Тој досега има одиграно 36 натпревари за Италија, со 14 погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!