ВИДЕО: Баерн ја декласира Барселона и ја испрати во Лига Европа, осминафинале обезбедија Бенфика, Лил и Салцбург

Барселона вечерва уште еднаш „зариба“, откако Баерн Минхен со 3:0 ја декласираше и ја испрати во Лигата на Европа, откако каталонскиот гигант заврши на третото мест во групата Е зад лидерот од Минхен и Бенфика.
Германците до победата над Барса стигнаа со погодоците на Томас Милер, Лирој Сане и Џамал Мусијала.
Бенфика го совлада Динамо Киев со 2:0, а стрелаа Јаремчук и Жилберто, со што Португалците обезбеија осминафинале во Лигата на шампиони.
Лил со 1:3 на гостински терен славеше над Волфсбург и го обезбеди првото место во групата Г. За францускиот првак стрелци беа Бурак Јилмаз, Џонатан Дејвид и Анхел Гомнеш.
Салцбург со минимални 1:0 славеше над Севиља и обезбеди осминафинале од ЛШ, додека пак шпанскиот тим продолжува во Лигата на Европа.
Утре ќе биде одигран последниот натпревар меѓу Аталанта и Виљареал кој беше одложен поради снежните врнежи.