РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Бабиќ прозиваше во Битола, Еурофарм Пелистер со големи амбиции тргна во новата година

Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Битолчани денес имаа два тренинга, а во првата недела од припремите ќе отсуствуваат репрезентативците на Македонија, Црна Гора и БиХ, кои имаат обрвски кон националните тимови.

Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека едвај чека да почне сезоната и дека спортски е да очекува да освои барем еден трофеј на крајот на сезоната.

„Едвај чекам да почне сезоната и добро е што ќе имаме повеќе натпревари. Имаме многу играчи, широк ростер и многу ракометари кои помалку играа, па ќе добијат шанса напролет. Ќе биде тешко и психички и физички, но верувам дека сме подготвени за предизвикот. Спортски е да очекувам да освоиме барем еден трофеј на крајот на сезоната. Планиравме да се подготвуваме во Истра, но тоа ќе го одложиме, бидејќи не можеме да играме против Нексе, а и екипите од Словенија не сакаат да дојдат во Хрватска. Ќе направиме турнеја во Словенија и Хрватска и ќе одиме во Целје да одиграме еден натпревар против Целје Пивоварна Лашко. Потоа ќе се стационираме во Загреб, каде ќе останеме 5-6 дена и ќе тестираме со ППД Загреб и Велика Горица. Така, по тие три натпревари, ќе се вратиме во Македонија и ќе одиграме уште неколку натпревари со македонските тимови, кои исто така ќе ги започнат подготовките. Планирам да одиграме шест натпревари до почетокот на февруари и натпреварот од СЕХА лигата против ППД Загреб“, вели стратегот Жељко Бабиќ.

Градимир Чаневски смета дека Еурофарм Пелистер добро ја завршил полусезоната, со победите над Тримо Требње и Металопластика.

„И покрај турболенциите со здравствените проблеми, мислам дека добро ја завршивме полусезоната, со победите над Тримо Требње и Металопластика. Се надевам на подинамичен втор дел, ќе има повеќе натпревари и ќе биде поинтересно и за нас и за публиката. Сакаме да се пласираме во нокаут фазата од Лига Европа и во првенството да му создадеме проблеми на Вардар во обидот да ја одбрани титулата. Не се опишува разликата да се игра пред полни и празни трибини. Посебно во Битола, вака ни изгледа како да играме во театар. Сепак спортот се игра за публика и се надевам дека гледачите ќе се вратат на трибините. Ги очекувам што побрзо да се вратат на трибините“, вели Чаневски.

Првиот натпревар во 2021 година, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра на шести февруари против ППД Загреб во СЕХА лигата, а три дена подоцна ќе се сретне со Татабања во Унгарија во Лига Европа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!