ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Атрактивна „бомба“ на Каришиќ со која го сруши Детонит и го врати Братство во борба за директен опстанок

Во пролетниот дел Братство од Житоше не признава фаворити и игра во одлична форма – а потврда за тоа се двете врзани победи, со кои екипата се врати во трка за директен опстанок во второлигашкото друштво за следната сезона.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Откако екипата од Житоше ја тресна Саса среде Македонска Каменица, во саботата на „Могила“ Братство го сруши и Детонит со минимални 1:0, а херој на мечот беше Самир Каришиќ.

  • Погледнете го атрактивниот погодок на 22-годишниот фудбалер на Братство:

Новите засилувања на спортскиот директор Ерол Абдиу се покажаа како полн погодок во пролетниот дел. Третиот круг од шампионатот Братство го отвара во Македонска Каменица каде ќе се обиде по трет пат да ја сруши Саса во тековната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!