ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Арсими убедлив против Овче Поле за историски пласман во Втора лига!

Шампионот на Трета лига – Запад, екипата на Арсими е нов второлигаш, откако во баражот одигран на стадионот во Ѓорче Петров со убедливи 4:1 го декласираше шампионот на Трета лига – Исток, екипата на Овче Поле.

Третолигашот од Свети Николе прв дојде до водство по катастрофалната грешка на голманот на Арсими, Кабир Исеини, а таквата грешка ја искористи Дарко Нацев кој лесно ја смети топката во противничката мрежа за 0:1.

  • Голот на Овче Поле за водство од 0:1:

Овој резултат остана до крајот на првиот дел, со што Овче Поле на полувреме замина со гол предност.

Во вторите 45 минути Арсими одигра далеку подобро и започна со силен притисок кон противничкиот гол.

На стартот од вториот дел Арсими брзо израмни на 1:1, откако Вулнет Елмази во 53. минута ја погоди противничката мрежа.

  • Погодокот на Елмази за 1:1:

Само седум минути подоцна Хузри Џемаили ја стресе мрежата на Кристијан Атанасов за комплетен пресврт и водство на Арсими од 2:1.

  • Голот на Џемаили за 2:1:

Голгетерот и искусниот Махир Ајрули приреди нов шок за навивачите на Овче Поле, откако по 4 минути игра односно во 64. минута погоди за 3:1 и ги замолкна навивачите од Свети Николе.

  • Голот на Ајрули за 3:1:

Овче Поле веќе немаше сили за да се врати во игра, откако во водството од 0:1 на полувреме веќе до 64. минута губеше со 3:1. Во 82. минута од мечот Џемаили со втор гол ги постави конечните 4:1.

  • Вториот гол на Џемаили за 4:1:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!