ВИДЕО: Арсими со ОСМИЦА за Пролетер, Велазерими со „петарда“ за Камјани – Ајрули со хет-трик

Денес беше комплетирано 9. коло од Третата фудбалска лига – Запад. Најубедлива екипа во оваа рунда беше Арсими, лидерот на табелата со 8:1 го декласираше Пролетер. Двојни стрелци за домашната екипа беа Един Муртезани, Ариан Ејупи и Еган Фејзулаи, а по еден гол постигнаа Берат Хисмани и Ерсел Дико. За гостите единствен стрелец беше Никола Михајлоски.
Нераште денес го забележа вториот сезонски триумф откако со убедливи 3:0 го доби дуелот со последнопласираниот Трабзонспорт. Во првиот дел мрежите мируваа, додека пак во вторите 45 минути, Нераште ја наполни мрежата на противникот. Првиот гол падна во 69. минута Беким Садики, а шест минуди подоцна Арсим Зубери ја дуплираше предност. Конечниот резултат го постави Ментор Саљиу,
Велазерими на домашен терен со петка го почасти Камјани (5:0) и се израдува на шестиот сезонски триумф. Хет-трик постигна младиот Махир Ајрули, а по еден гол постигнаа капитенот Мирлинд Ибраими и Ремзи Усеини.
Дрита дома го доби Љуботен со резултат од 2:1. За домашните стрелаа Брендим Рушити и Амир Алији, доека пак за гостите единствениот погодок беше дело на Валентин Петровски.
Зајази му го нанесе вториот сезонски пораз на Врапчиште, откако дома со 4:1 беше далеку подобар противник. Херој за домашните беше Шабан Ќерими кој три пати ја тресеше мрежата на противникот, а погодок постигна и младиот Валдрим Емини. За гостинската екипа стрелаше Реџеп Садику. Домашните од 63. минута беа без играч помалку откако Таир Таироски заработи директен црвен картон поради неспортско однесување, спречување очигледна шанса за гол.
Вчера екипата на Речица со 1:3 триумфираше над Напредок во Кичево.