ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Арсими го доби пехарот за шампион на Трета лига – Запад, клубот верува во влез во Втора лига

Третолигашот Арсими го доби пехарот за шампион во Третата македонска фудбалска лига – Запад, со што екипата ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига, која од следната сезона ќе биде единствена.

Арсими има импресивни резултати сезонава. Клубот во разговор за Спортска Мрежа верува дека ќе обезбеди учество во Втората лига и ќе продолжи да гради успешен и квалитетен тим како што градеше изминатите сезона, а како потврда за тоа е шампионската титула.

Минатата сезона Арсими беше вицешампион, а сезонава успеа да ја обезбеди шампионската титула без ниту еден пораз и со тоа да патува во баражот за Втора лига, каде ќе се соочи со еден од третолигашките шампиони од останатите три региони.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!