ОстанатоФудбалФутсал

ВИДЕО: Арбен Бајрами триумфираше над Астибо, Шкупи убедлив против Клими за четвртфинале од Купот

Прволигашот Арбен Бајрами ја оправда фаворитската улога во осминафиналниот дуел со штипскиот второлигаш Астибо со 2:3 славеше за следна фаза од футсал Купот на Македонија.

На натпреварот одигра во „Тошо Арсов“ во Штип паднаа и два автогола. Резултатот беше отворен во 19. минува за водство на гостите откако Дарко Алексовски ја стресе сопствената мрежа за 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Астибо преку Иван Стојчев израмни на 1:1, но само 60 секунди подоцна Јахја Абдил Кадир погоди за ново водство на Арбен Бајрами. Неизвесноста траеше до самиот крај во 39. минута Пајтим Реџепи погоди за 1:3, а неколку секунди подоцна капитенот Ерол Далип си постигна автогол за конечни 2:3.

  • Прво полувреме: Клими – Шкупи

Прволигашот Шкупи сосема очекувано со убедливи 3:7 триумфираше над Клими во Кавадарци за четвртифнале од Купот.

За домашната екипа погодоците ги постигнаа Мартин Никовиќ, Дане Митрев и Петар Најдов, додека пак кај гостите двоен стрелец беше Бурак Мемедов, Еркан Сефери, Иван Сотировски, Бејтула Јакупи и Берат Рамадани.

  • Второ полувреме: Клими – Шкупи

Со овие два натпревари е комплетирана осминафиналната фаза од футсал Купот на Македонија.

Во следната фаза патуваат Велес, Железарец, Карадаку, Кеги Моби, Арбен Бајрами, Шкупи, Проект и Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!