ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Англија ја победи Данска и обезбеди историско финале на ЕП!

Данска прва дојде до водство откако во 30. минута Микел Дамсгард погоди атрактивно од слободен удар, а на англиските навивачи на „Вембли“ беа во шок по водството на Данците.

Само девет минути подоцна Англија се врати во живот, откако дефанзивецот на Данска, Симон Кјаер си постигна несреќен автогол. Кјаер во обид да ја блокира топката, истата ја смести во мрежата на Шмајхел.

По 1:1 во регуларните 90. минути натпреварот замина во продолженија. Во 104. минута беше досуден пенал за Англија, а одговорноста ја презеде Кејн. Неговиот удар од белата точка беше одбранет, но одбиената топка играчот на Тотенхем ја смести во мрежата на Данска за конечни 2:1.

Англија во недела закажа финале на Европското првенство против Италија. Данска, сепак, направи голем успех со тоа што стигна до големото полуфинале.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!