ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Англичаните ги декласираа Украинците за полуфинале на Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Англија е последниот полуфиналист на Европското првенство. „Гордиот Албион“ ја победи Украина во четвртфиналето и славеше со високи 0:4 во последната четвртфинална пресметка одиграна на „Олимпико“ во Рим.

Англичаните поведоа уште во 4-та минута кога Рахим Стерлинг брилијантно го проигра Хари Кејн кој ја смести топката во мрежата на Украина. На полувреме Англичаните имаа минимални 0:1, а на стартот од вториот дел Хари Мекгваер ја дуплираше предноста по центаршутот на Лук Шо, а четири минути подоцна, неговиот Кејн стигна до својот втор гол на мечот, и третиот за Англија. Асистент повторно беше Шо кој центрираше добро, а напаѓачот на „Гордиот Албион“ Лесно ја смести топката во мрежата.

Конечните 0:4 ги постави Џордан Хендерсон во 63-та минута, само шест минути по влегувањето во игра.

Англија во полуфиналето ќе игра против Данска, која денес ја совлада Чешка со 1:2. Овој полуфинален дуел, како и оној на Италија и Швајцарија, ќе се игра на „Вембли“.

Италија и Шпанија ќе играат во вторник (6-ти јули), а еден ден подоцна ќе се натпреваруваат Данска и Англија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!