ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Американската компанија Кока-Кола претрпе огромна загуба поради потегот на Роналдо

Португалецот Кристијано Роналдо вчера одржа прес-конференција пред првиот натпревар на Европското првенство со Унгарија, а неговото отстранување на шишињата Кока-Кола од масата предизвика бројни реакции и непријатни последици за американскиот производител на газирани пијалоци.

Имено, на почетокот на прес-конференцијата, Роналдо отстрани две шишиња Кока-Кола, еден од спонзорите на Европското првенство, од масата, а потоа го извади шишето со вода и им рече на насобраните: „Пијте вода!“.

Откако Роналдо ги отстрани шишињата, вредноста на акциите на Кока-Кола на берзата падна од 56,10 на 55,22 долари или 1,6 проценти, според официјалните податоци на берзата.

Вредноста на компанијата падна од 242 милијарди долари на 238 милијарди долари, а загубата е 4 милијарди долари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!