Турнири

ВИДЕО: Алфакан Лидер ЕЛС е шампион на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2022“, Гостилница кај Џек второ место

Алфакан Лидер ЕЛС е новиот шампион на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“, кој се одигра во Чардаклија, Штип.

Текстот го овозможи Revolution Development – софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Утринава беше одиграно големото финале помеѓу екипите на Алфакан Лидер ЕЛС и Гостилниџа кај Џек, каде резултатот во регуларниот дел беше 1:1 во пенал рулетот Алфакан Лидер ЕЛС беше подобар со 6:7. Алфакан Лидер ЕЛС последните 2 минути од натпреварот играше со играч помалку и постигна израмнувачки гол со што натпреварот беше решен во пенал-рулетот.

Во финалниот меч беше употребен „вар – систем“, откако судијата го пониши погодкот од белата точка, на снимката се потврди дека голот е важечки, по што погодокот на екипата Гостилница кај Џек беше признат.

Во мечот за трето место Адрија Комерц со убедливи 9:4 го збриша составот на Драгеви ДООЕЛ.

Индивидуални награди:

  • Најдобар голман: Мирко Соколов – Гостилница кај Џек
  • Најдобар стрелец: Диме Тодоровски – Адрија Комерц (10 погодоци)
  • Најдобар стрелец: Марио Благоевски – Голстилница кај Џек (10 погодоци)

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2022“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!