РакометРакомет - Суперлига
ВИДЕО: Александар Стојаноски е нов голман на Тиквеш

Вчера Спортска Мрежа пишуваше дека искусниот голман Александар Стојаноски го напушта Јуниор Кисела Вода, а денес е ново засилување на суперлигашот Тиквеш од Кавадарци.
Екипата од Тиквеш ќе води борба за опстанок во Суперлигата, а искусниот голман токму во таа борба ќе биде големото засилување на голманската позиција.
Стојаноски во својата кариера има настапувано за МАКС Струмица, Младост Богданци, Борец од Велес, Охрид, Струга и последно Јуниор Кисела Вода.
Атрактивна парада на Стојаноски на натпреварот меѓу Јуниор Кисела Вода и Радовиш.
Еден Коментар