ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Академија Пандев еСпорт го освои 7-мото место во најсилната Балканска лига во FIFA Pro Club

Сезоната во Balkan лигата е конечно завршена, а Академија Пандев еСпорт заврши на високото 7-мо место и така обезбеди учество во Europe Conference League наредната сезона. Високо пласман, бидејќи екипата на Академија Пандев во првите 3 недели од сезоната котираше најдолу на табелата. А потоа се случи реинкарнација.

Во сезона полна со учење, препозиционирање, трансфери и експериментирање со тактики, некаде кон средината на сезоната момците како да ја пронајдоа формулата за успех и од тогаш па до пред некој ден, играа прекрасен виртуелен фудбал. Големи заслуги за капитенот, Симон Колев, кој успеа да го извлече најдоброто од секој еден во тимот.

Капитенот на Академија Пандев еСпорт сакаше да сподели и некои свои впечатоци по овој успех во Balkan Super League.

„Можам да кажам дека сум презадоволен од исходот. Потребно ни беше време додека да ја пронајдеме вистинската формација за нас и формацијата со која може да се бараат победи против големи противници. Успеавме да направиме еден систем на игра во кој сите играчи успешно се вклопија и со спроведувањето на самиот тој систем, донесовме бодови на табелата против исклучиво добри противници со години искуство во овие натпреварувања, како што се Динамо, Марибор, Обилич, и други“, вели Колев за Спортска Мрежа.

Противниците беа навистина тешки и често непредвидливи. Секоја екипа можеше да победи топ екипа, а потоа да изгуби бодови од екипа која котира пониско од нив. Тоа ја направи лигата екстремно возбудлива и непредивлива до крајниот меч, особено за оние екипи кои беа во борба за Топ 8.

Натпревар на Академија Пандев еСпорт

За атмосферата и дружбата во тимот Симон имаше само пофалби.

„Атмосферата во тимот отсекогаш беше и ќе остане на високо ниво. Како што влегувавме во форма, така и мотивацијата и желбата за игра на момците растеше, па во секој натпревар влегуваме со позитивни намери и со огромна желба за победа. Стекнавме одлично искуство и научивме многу од оваа сезона, а сега останува да собереме сили, да ја анализираме нашата игра, да увидеме каде треба да се поправиме и со нетрпени да го очекуваме почетокот на следната сезона, во која очекувањата ќе бидат уште повисоки и ќе бараме битка за првите позиции во лигата“, раскажува Колев.

Табела по завршувањето на сезоната:

За стилот на игра на Академија Пандев еСпорт капитенот изјави:

„Нашиот фудбал е напаѓачки. Силата на нашата екипа е во смирената и стрплива пас игра во која чекаме противникот да направи пресинг, а ние тоа да го искористиме со сигурен пренос на топката. Така често доаѓаме во 100% шанси за гол.“

На крај Симон ја изрази својата благодарност до струмичкиот фудбалски клуб:

„Испраќам честитки до сите играчи, а особено сакам да се заблагодарам на клубот ФК Академија Пандев за довербата да го претставуваме клубот во едни вакви големи натпреварувања.“

„Им честитаме на нашите момци за извонредната сезона и се надеваме дека ова е само почеток на низа успеси“, додаваат од клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!