ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Велковски ја засили Струга Трим Лум

Прволигашот Струга Трим Лум се засили со голманот Методија Велковски кој доаѓа од редовите на второлигашот Осогово од Кочани.
20-годишниот Велковски беше пред трансфер во Бугарија, но истиот не се случи и се пресели во Струга каде ќе остане во следните три години.
Во својата кариера има настапувано за Маџари Солидарност, Вардар, Илинден, Кадино и последно во Осогово.
Велковски беше повикан и во репрезентацијата до 21 година.