ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Велјанов ѝ пресуди на Слога 1976, Марена со ПЕТКА за убедлива победа

Прегледот на натпреварот го овозможи Revolution Development
Во одложениот меч од 8. коло екипата на Марена на крилата на Александар Велјанов забележа убедлива победа од 5:3 над Слога 1976.
Првиот дел од мечот заврши со сигурна предност од 3:1 за домаќинот со што беше најавена победата за екипата на Марена. Херој на мечот беше Александар Велјанов кој постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Даниел Елезов и Роналдо Фазлиов.
За гостите од Лажани двоен стрелец беше Ќамил Халиловиќ, а стрелец на вториот погодок беше Нермин Каришик.
Марена сега со 20 освоени бодови се проби на седмата позиција на табелата, а пак Слога 1976 останува на деветото место.