Велинов: Никого не потценуваме, иако Росоман е последен, не очекува тежок натпревар

Капитенот на Осогово, Стојанчо Велинов со краток увид за подготвителниот период и почетокот на првенството од Втората лига – Исток, како и за натпреварот со Росоман.
„Подготвителниот период пред почетокот на првенството го поминавме во одлична атмосфера и мислам дека имавме време добро да се подготвиме и кондиционо и технички за она шти следува. На екипата и се придружија и нови играчи и имаа краток период на нивна адаптација со останатите играчи, но формата и играта се темпира и од тренинг во тренинг ние како играчи меѓусебно имаме се подобра комункација и подобра игра“, вели Велинов и додава:
>> ТАБЕЛАТА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
„Во сабота играме со екипата на Росоман. Иако се последни не очекува тежок натпревар со незгоден противник кој на првиот меѓусебен натпревар на наш терен постигна 4 погодоци иако ние го добивме натпреварот со 5 голови. За остатокот од сезоната никого не потценуваме и со сите екипи против кои треба да играме ќе го дадеме нашиот максимум со цел подобар пласман во 2МФЛ исток на крајот на сезоната“, завршува капитенот на кочанскиот второлигаш.