ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Велешта се засили со Бојан Спиркоски

Второлигашот Велешта денес се засили со Бојан Спиркоски. 25-годишниот играч од средниот ред во својата кариера има настапувано за екипите на Хоризонт Турново, Шампион, 11-ти Октомври, Брозани и Џихлава од Чешка, прилепска Победа, Брегалница од Штип, Лабуништа и последно во кратовски Силекс.

Спиркоски е големо засилување за Велешта која одигра одлична есен и заврши на второто место на табелата, а во пролетната полусезона ќе го напаѓа првото место.

Претходно, Велешта се засили со искусниот Бујамин Асани.

Првопласираната екипа ќе има сигурен пласман во ПМФЛ, додека второпласираната екипа ќе игра бараж за влез во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!