
Велешта запиша победа на гостувањето во Валандово, каде во меч од 9. коло од Втората футсал лига славеше над младата екипа над Проект Јосифово со 6:8.
Во првите девет минути од натпреварот паднаа дури четири погодоци. Домаќинот со гол на Митковски Давид дојде прв во водство, а веднаш Велешта израмни на 1:1 со гол на Ода Едмонд. Две минути подоцна гостите со гол на Положани Аљбрим дојде до водство од 1:2. Делев Митко во 9. минута донесе израмнување на 2:2. Во 17. минута паднаа два гола. Вториот гол на Митровски донесе водство од 3:2 за домаќинот, а Бекси Беким веднаш израмни на 3:3 на полувреме.
Во вториот дел одлична игра и многу погодоци. На стартот Велешта постигна два гола и дојде до водство од 3:5. Со погодоците на Шеху Мухарем и Ѓетали Белќија. Следуваше серија од три брзи гола повторно за Велешта. Во 30. минута втор гол постигна Ѓетали, а два гола постигна и Хани Авдул, со што гостите имаа водство од 3:8 до 33. минута. Домашната екипа до крајот на натпреварот постигна три погодоци за конечни 6:8. Стрелци на погодоците беа Станисавовски, Делев и Митровски.
Во следното коло Велешта ќе биде домаќин на Овче Поле, додека Проект Јосифово ќе гостува кај Шкендија во Тетово.