ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Велешта се засили со Велинов, Мена и Далчески

Екипата на Велешта денес договори три засилувања за новата сезона од Втората лига – Запад.

Нови имиња во Велешта се Стојанчо Велинов, Аздрен Мена и Илија Далчески. Тројцата фудбалери ќе бидат од големо значење за Велешта која и во новата сезона ќе се бори за влез во Првата македонска фудбалска лига.

Велешта минатата сезона немаше среќа, бидејќи заврши на третото место со ист број на бодови како и Охрид кој беше втор и бараж со Ренова, но во пенал-рулетот „гипсарите“ имаа повеќе среќа и го задржаат прволигашкиот статус.

Велинов настапува во нападот и доаѓа од редовите на кочански Осогово, а со своето искуство треба да биде големо засилување за Велешта, додека пак Мена и Далчески настапуваат на средината од теренот и доаѓаат од Кораб односно третолигашот Караорман од Струга.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!