ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Велешта се засили со тројца нови играчи

Второлигашот Велешта денес промовираше три нови засилувања за новата сезона од Втората лига – Запад.

Нови фудбалери на клубот се Ермин Анруши, Самед Кадриоски и Нухи Јонуз.

25-годишниот Арнуши е повратник во Велешта, а доаѓа од редовите на прволигашот Струга Трим Лум, во својата кариера има настапувано и за Влазними.

Кадриоски кој има 27 години доаѓа од редовите на Тетекс, а во својата кариера има настапувано и за Скопје и Работнички.

Јонуз ја продолжува соработката со Велешта, а 20-годишникот пред Велешта настапуваше и за Кораби и Шкупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!