ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Велешта се засили со искусниот Бујамин Асани

Велешта одигра одлична есенска полусезона во Втората македонска фудбалска лига – Запад и истата ја заврши на втората позиција на табелата со 30 освоени бодови.

Денес второлигашот го претстави своето прво зимско засилување. Станува збор за искусниот фудбалер Бујамин Асани кој игра во средниот ред и ќе биде големо засилување за екипата за пролетната полусезона.

32-годишниот играч има играно за Руфеја, Шкупи, Работнички, Победа, романска УТА и Феризај.

Од клубот најавуваат уште неколку засилувања кои треба да бидат претставени во следните денови.

Поврзани Наслови

Еден Коментар

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!