ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Велешта потпиша со Хамза Рамани

Второлигашот Велешта денес го потврди Хамза Рамани кој стави потпис на договор со екипата која минатата сезона за малку не успеа да обезбеди бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига.
19-годишникот доаѓа од редовите на Шкупи, а има настапувано и за Велазерими.
Велешта за следните денови најави промовирање на новите засилувања со кои ќе настапи во новата сезона од Втората лига – Запад.