
Велешта го доби дербито со Енхалон во Струга, откако славеше со 2:4 во рамки на 7. коло од Втората футсал лига.
Резултатот беше отворен во 8. минута со гол на Ѓетали Белќија. На полувремето се замина со 0:1. Во вториот дел гостите беа подобри, а петте погодоци паднаа во последните осум минути. Во 32. минута Положани Аљбрим зголеми на 0:2, а четири минути подоцна Шеји Илир на 0:3. Енхалон со гол на Балоски Дарко намали на 1:3 во 37. минута, а помалку од 60 секунди беа потребни за Велешта да зголеми на 1:4 со втор гол на Жентали Белќија. Во последната минута од натпреварот Приштина Ерол погоди за конечни 2:4.
Во следното коло Вешешта ќе биде домаќин на Клими од Кавадарци, додека Енхалон ќе гостува во Валандово кај Проект – Јосифово.