ФудбалФутсал

Велешта го декласираше Енхалон и обезбеди 1/8 финале од футсал Купот

Велешта го декласираше Енхалон и обезбеди 1/8 финале од футсал Купот

Екипата на Велешта со убедливи 1:9 го декласираше Енхалон и обезбеди 1/8 финале од футсал Купот.

Енхалон имаше сили да парира само во првите 10. минута, а потоа Велешта рутински го надигра противникот. Резултатот беше отворен во 4. минута со гол на Балоски за водство на Енхалон од 1:0. Гостите веднаш реагираа и со гол на Каба израмнија на 1:1, а две минути подоцна Шеји постигна гол за водство од 1:2. Во 14. минута екипата на Енахлон си постигна автогол па резултатот на семафорот беше 1:3. До крајот на првиот дел во листата на стрелци за Велешта се запишаа Шеј за 1:5, Хајредини за 1:6 и Истрефи за 1:7.

Во вториот дел се одигра формално. Велешта постигна уште два гола, во 35. минута повторно прецизен беше Истрефи, а во 37. минута Каба повторно се запиша во листата на стрелци за конечни 1:9.

Велешта во 1/8 финалето од футсал Купот ќе се соочи со штипски Астибо.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!