ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Велешта ги промовираше Шпенд Асани и Албнор Каба

Македонскиот второлигаш Велешта ги претстави Шпенд Асани и Албнор Каба како најнови засилувања за пролетниот дел од Втората лига – Запад.
>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<
Шпенд Асани со своето прволигашко искуство треба да помогне Велешта да избори сигурен опстанок во Втората лига и за следната сезона. 25-годишникот во Велешта доаѓа од Воска Спорт каде настапуваше во есенската полусезона, а во својата кариера има настапувано и за Дрита, Вардар Форино, Беса, косовски Гнилане, Велазерими, Шкендија и Шкупи.
Каба кој има 19 години исто така доаѓа од редовите на Воска Спорт, а потекнува од школата на Шкендија.
Двајцата фудбалери доаѓаат во Велешта на позајмица.