Велешта ги промовираше Казимоски и Столески

Македонскиот второлигаш Велешта продолжува со засилувањата за пролетните предизвици во битката за опстанок во Втората лига. Велешта ги промовираше младите Јасмин Казимоски и Антонио Столески.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<
20-годишниот Казимоски настапува на средината на теренот треба да биде вистински освежување за Велешта, а доаѓа од редовите на второлигашот Охрид.
Меѓу стативите застанува 19-годишниот Столески кој важи за млад талентиран голман, а во Велешта доаѓа од редовите на прилепска Победа.
Велешта е на осмата позиција на табелата во Втората лига – Запад со 14 освоени бодови, а целта на екипата е да се обезбеди опстанок и за следната сезона. Велешта пролетниот дел го отвара со дуелот против Беса, екипа која исто така се бори за опстанок.