ФудбалФутсал

Велес славеше сигурна победа над Астибо

Екипата на Велес славеше сигурна и убедлива победа од 6:3 над штипски Астибо во меч од 10. коло од Првата футсал лига.

Резултатот го отворија домаќините во 8. минута од натпреварот преку Лазар Пеев, а по неколку минути игра гостите израмнија на 1:1 преку Иван Николовски. Во 22. минута штипјани дојдоа до водство од 1:2, а стрелец на голот беше Зашков, но радоста траеше само еден минута, бидејќи Пеев стрелаше за 2:2.

Одличната игра на домаќините продолжи и веќе во 27. минута имаа водство од 3:2, а овој пат погоди Калчев. Велес продолжи да игра одлично, а мотивираниот Калчев продолжи да ја тресе противничката мрежа, бидејќи успеа четири пати по ред да постигнува гол за до 36. минута домаќините да имаат предност од 6:2. Марковски Новица постигна гол за гостите од Штип за конечните 6:3.

Денес СК Проект Цико на домашен терен ќе игра со екипата на Црна Река од Кавадарци, додека утре шампионот Шкупи го чека Мал Ајакс, Карадаку ќе биде домаќин на Арбен Бајрами, Кратово ќе се соочи со Железарец, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот меѓу Кеги Моби и Јувентус Серава.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!