ФудбалФутсал

Велес го збриша Јувентус Серава со ОСУМ погодоци и најавува пеколна битка за опстанок во елитата!

Вечерва во „Антон Димитров“ во Скопје беше комплетирано 14. коло од Првата македонска футсал лига.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ГОСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Последнопласираниот Велес со 8:2 го збриша Јувентус Серава за второ сезонско славје во футсал елитата. Низ тотална доминација на теренот Велес најавува пеколна битка за опстанок во Првата лига.

Резултатот го отвори Мартин Калчев во 4. минута за водство од 1:0 за Велес. Во 10. минута Зоран Тасевски погоди за 2:0, а една минута подоцна Калчев со втор гол донесе убедливи 3:0. По две минути игра Даниел Боневски погоди за 4:0 со што беше најавена победа за домашните фудбалери. На две минути пред крајот на првиот дел Армандо Алијевиќ погоди за 4:1 на полувреме. На вистината на задача беше голманот на домаќините Пандил Думиќ кој ги откажа гостите со двата одбранети пенали на 4:0 и 4:1.

На стартот од вториот дел Тасевски постигна втор гол, а Александар Трпковски постигна хет-три, а автогол си постигна Никола Илијоски со што беа поставени конечните 8:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!