
Денес се играат нови два натпревари од 13. коло од Првата футсал лига.
Првиот се игра меѓу екипите на Велес и Арбен Бајрами, во кој гостите влегуваат како големи фаворити за нова победа.
Прв судија на натпреварот ќе биде Исмаили Музафер, додека за втор судија е делегиран Мустафи Фатон. Делегат на натпреварот ќе биде Бошков Ристе.
Натпреварот се игра во салата „Форца“ со почеток од 17:00 часот.

Еден час подоцна стартува и вториот натпревар кој се игра во Валандово меѓу лидерот на табелата Проект и Железарец.
Домаќинот на овој натпревар ќе биде фаворит и ќе го искористи домашниот терен да дојде до посакуваната победа и трите значајни бодови.
За прв судија е делегиран Величков Боби, додека за втор судија Новачев Петар. Костовски Владимир ќе биде делегат на натпреварот.
Дуелот стартува во 18:00 часот во Спортската сала „Филип Втори“ во Валандово.