ОстанатоФудбалФутсал

Веизовски: Имаме прилично солиден почеток, го респектираме противникот, но ние одиме на победиме!

По четири одиграни кола во Втората футсал лига, екипата на Конзули која прва година се натпреварува во првенството има максимални 12 бодови и се наоѓа на делба на врвот од табелата со Кеги Моби од Велес. Токму овие две екипи ќе се судрат во 5. коло во Битола каде ќе се води „борба“ за трите бодови и која екипа да остане осамена на табелата.

Во изјава за Спортска Мрежа капитенот на Конзули, Муса Веизовски вели дека имаат прилично солиден успех за екипа која што прва година се натпреварува во футсал лигата, додава дека го респектираат Кеги Моби, со поддршка од љубителите на мал фудбал одат на победа и три бодови.

„Со оглед на тоа што првата година се натпреваруваме во футсал лигата, мислам дека имаме прилично солиден почеток. Секако дека сме задоволни од постигнатите резултати и можам да кажам дека атмосферата во тимот е одлична. Иако според резултатите претходните натпревари изгледаат како „лесни“, имаше многу осцилации во играта од наша страна кои се надевам дека ќе бидат надминати со напорни тренинзи“, вели капитенот на битолчани и додава:

„Го респектираме противникот и знаеме дека станува збор за многу добар тим со неколку искусни играчи кои веќе играле во прва лига. Секако дека ние одиме да победиме како и на претходните натпревари, ја очекуваме поддршката од сите љубители на мал фудбал да не поддржат.“

Веизовски вели дека атмосферата е одлична по претходно добиените четири натпревари, додава дека имаат двајца играчи кои го пропуштиле последниот тренинг, но очекува дека ќе ги имаат на распалагање во понеделник.

„Како што кажав по четири добиени натпревари атмосферата е одлична и сите со нетрпение го очекуваме големото дерби. Добри тренинзи со голем интензитет и неколку тактички замисли на тренерот кој се надеваме дека ќе вродат плод во успешното дерби и трите бода ќе останат во Битола.“

Имаме двајца повредени играчи кои го пропуштија последниот тренинг и еден е на боледување, но оптимисти сме дека ќе ги имаме на располагање во понеделник“, вели Веизовски за Спортска Мрежа.

Правдата на дербито на колото за врвот во Втората футсал лига ќе ја делат Тоше Ицев од Кавадарци и Иле Мишески од Прилеп. Натпреварот ќе започне во 19:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!