РакометРакомет - Суперлига

Вечерва „пекол“ во Јасмин: Тиквеш го игра клучниот дуел против Еурофарм Пелистер 2 за обезбедување плеј-оф

Вечерва се очекува пеколна атмосферата во Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци – ракометниот суперлигаш Тиквеш го игра клучниот натпревар за обезбедување на место во плеј-офот против Еурофарм Пелистер 2.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Откако во претходното коло тимот на Горан Андоновски убедливо ја растури екипата на Прилеп и запиша важна победа и три бодови, вечерва следува нов клучен дуел за кавадарчани кои доколку го совладат незгодниот противник од Битола тогаш може да кажеме дека со една нога ќе бидат во плеј-офот, бидејќи потоа Тиквеш го очекуваат лесни натпревари. Веќе на 9. февруари Тиквеш ќе биде домаќин на Скопје 2020 каде кавадарчани ќе бидат апсолутни фаворити, па следува гостување во Струга, потоа дуелот со Вардар 1961 и на крај гостување во Радовиш каде Тиквеш би имал три бодови в џеб.

Ваквиот распоред му одговара на Тиквеш кој од можни 12 бодови би имал сигурни 9, но многу ќе биде важно вечерва екипата да остане непоразена, бидејќи „кикс“ на Тиквеш најмногу ќе му одговара на Пролет и Охрид кои исто така „висат“ за место во плеј-офот.

Вечерва се очекува салата во Кавадарци да биде полна и да се даде максимална поддршка за својот миленик, а овој меч ќе оди и во живо на МРТ, а истиот во живо ќе може да го следите и на Спортска Мрежа со пренос овозможен од Ракометната федерација на Македонија со почеток од 19:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!