Васоски седнува на клупата на Академија Пандев !?

Александар Васоски го напушти актуелниот првак Вардар и ќе се пресели во Струмица, каде ќе седне на клупата на Академија Пандев.
Васоски го изгуби трпението поради големата финансиска криза во Вардар, но покрај него, најверојатно и дел од играчите ќе си заминат. Вардар минатата сезона со популарниот „тетовче“ стана шампион со најмладите играчи во ПМФЛ.
Според информации кои што кружат во фудбалската јавност, Васоски би требало до крајот на неделата да биде промовиран како нов тренер на Академија Пандев, со што клубот напролет би изблегнал од опасната зона и ќе направи прогрес кон врвот од табелата, додека во Купoт ќе има уште поголеми амбиции со цел истиот да биде освоен и да се обезбеди „виза“ за излез во Европа.
За Академија Пандев ова ќе биде трет тренер сезонава. Прв беше Александар Таневски, потоа се врати Југослав Тренчовски за да ја заврши есенската полусезона.