ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Васоски и следната сезона на клупата на Академија Пандев, се преговара за квалитетни засилувања

Академија Пандев избори опстанок за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Струмичани минатата сезона стартуваа лошо, по што зимата дојде Васоски од Вардар и го презеде струмичкиот прволигаш, а со тоа започнаа и позитивните резултати.

Академија Пандев ќе ги започне подготовките за новата сезона веќе кон крајот на следната недела, а веќе се размислува и за првите засилувања на клубот од Струмица. „Пандевци“ ќе градат конкурентен тим во Првата лига, кој ќе успее да се избори за некое од местата кои водат во Европа.

Новата сезона од Првата лига треба да започне на 8 август.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!