ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Василевски ќе им суди на Гостивар и Детонит Плачковица, Ристовски го доби градското дерби во Охрид

Познати судиите за 13. коло од Втората македонска фудбалска лига, кое се игра в сабота со осум натпревари. Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност во ЖИВО да го следат дуелот меѓу Слога и Арсими во Виница, а овде главен судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид.

Дерби на колото ќе се игра меѓу Гостивар и Детонит Плачковица, а правдата ќе ја дели Александар Василевски, додека пак охридското градско дерби ќе го суди Доне Ристовски.

Дуелот во Виница, како и останатите седум натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

  • Делегирани судии 13. коло ВМФЛ:

Локомотива Пехчево – Скопје, Стојанче Стојанов (Штип)
Каменица Саса – Караорман, Влатко Илиоски (Прилеп)
Беса – Борец, Христијан Божиновски (Скопје)
Гостивар – Детонит Плаковица, Александар Василевски (Скопје)
Воска Спорт – Охрид, Доне Ристовски (Гевгелија)
Слога Виница – Арсими, Фатмир Бафто (Охрид)
Беласица – Кожуф, Јосип Бартон (Скопје)
Тетекс – Вардар, Миле Лазов (Неготино)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!