Василевски ќе го суди дербито на колото меѓу Башкими и Фортуна, Петковски на Кадино и Еуромилк ГЛ

Утре ќе биде отворена 13-тата рунда од Третата македонска фудбалска лига со воведниот дуел меѓу Студена Вода и ССК Нова.
Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум третолигашки натпревари. Дербито на колото го играат лидерот Башкими и третопласираната Фортуна, во меч каде и двете екипи силно атакуваат на баражот кој носи промоција во Втора лига. Главен судија на овој меч ќе биде Александар Василевски, а истиот преку директен пренос на телевизија М Нет ќе имате можност да го проследите во живо, исто така и на Спортска Мрежа и на Опен ТВ.
- Делегирани судии 13. коло ТМФЛ – Север:
САБОТА:
Студена Вода – ССК Нова, Слободан Боцевски (Скопје) 14:00 часот
НЕДЕЛА:
Башкими – Фортуна, Александар Василевски (Скопје) 14:00 часот
Маџари Солидарност – Башкими Љуботен, Методија Ставрев (Скопје) 10:00 часот
Аеродром – Волково, Иван Ивановиќ (Скопје) 14:00 часот
Илинден – Риниа, Дејан Младеновски (Скопје) 14:00 часот
Кадино – Еуромилк, Никола Петковски (Куманово) 10:00 часот
Раштак – БВК Коњаре, Ивана Пројковска (Скопје) 10:00 часот
Петровец – Беса Влазрими, Никола Костенчев (Скопје) 14:00 часот