ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Василевски ќе го суди дербито меѓу БВК Коњаре и Башкими, Костенчев ќе им суди на Студена Вода и Кадино

Со дерби пресметката меѓу БВК Коњаре и Башкими, утре ќе биде отворено 8. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север. Дерби меѓу второпласираниот домаќин и првопласираниот гостин. Интересно е тоа што штипската регионална телевизија М Нет ќе врши директен пренос од дерби пресметката меѓу БВК Коњаре и Башкими.

За првпат во историјата на Македонија ќе може во живо да се следи третолигашки натпревар на телевизија.

Дербито ќе го суди Александар Василевски, а мечот ќе започне во 14:30 часот, додека пак во ист термин, но во недела ќе бидат одиграни останатите натпревари.

  • Делегирани судии 8. коло ТМФЛ – Север:

Фортуна – Раштак, Или Никодиноски (Скопје)
Студена Вода – Кадино, Никола Костенчев (Скопје)
Петровец – Илинден, Иван Ивановиќ (Скопје)
Беса Влазрими – Аеродром, Виктор Јанчевски (Скопје)
ССК Нова – Маџари Солидарност, Слободан Боцевски (Скопје)
БВК Коњаре – Башкими, Александар Василевски (Скопје)
Еуромилк ГЛ – Башкими Љуботен, Методија Ставров (Скопје)
Риниа – Волково, Дарко Костадиновски (Скопје)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!