ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Вардар со значаен бод во големото дерби со Пелистер

Вардар иако со подмалден состав и со мини подготовки одигра фантастични 90. минути во големото дерви со лутиот ривал Пелистер и дојде до голем значаен бод, откако ремизираше играјќи 2:2.

Вардар знаеше како да ги искористи грешките на битолчани и тоа се покажа клучно на дуелот во Скопје.

Резултатот беше отворен по само три минути игра, откако Филип Петковски ја погоди мрежата на битолчани за 1:0. Притисок за брзо израмнување на Пелистер се зголемуваше и во 22. минута преку Црногорецот Пејаковиќ израмни на 1:1.

Вардар и на стартот на второто полувреме дојде до брзо водство, откако Мартин Мирчевски постигна гол за 2:1. Во 79. минута Борче Маневски донесе ново израмнување на Пелистер на 2:2. До крајот на натпреварот и двете екипи се правеа притисок за нов гол, но мрежите мируваа.

Вардар со 26 бодови е на шестото место на табелата, додека Пелистер со 19 бодови е на деветото место. Во следното коло Пелистер ја пречекува Ренова, додека Вардар ќе има тешко гостување во Тетово кај лидерот Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!