РакометРакомет - Останато

Вардар со победа над Војводина стартуваше во СЕХА

Ракометарите на Вардар со победа над Војводина од 25:21 ја стартуваа СЕХА лигата. „Црвено-црните“ покажаа квалитет и одлично одиграа во текот на целиот натпревар.

Голманот Борко Ристовски имаше одличен натпревар и запиша десет интервенции, а најефикасни кај Вардар беа Дибиров и Георгиевски кој постигнаа по четири гола, додека кај гостите најдобар беше Шотиќ со шест погодоци.

Вардар го чека пеколен февруари, затоа што на почетокот ќе имаат тешко гостување кај Нексе, а потоа следуваат возбудувањата од Лигата на шампионите.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!