ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар се засили со Дарио Десниќ

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денес го претстави Дарио Десниќ како ново засилување за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

Вила со базен и поглед кон Охридското езеро, бидете сведоци на најубавите зајдисонца

Десниќ се договори за соработка со Вардар од една година, а во таборот на „црвено-црните“ доаѓа од редовите на прволигашот Скопје.

28-годишникот во својата кариера покрај за „пиратите“ од Автокоманда, има настапувано и за Борец од Велес, Кадино, Тетекс, Силекс, Шкупи и Маџари Солидарност.

Изминатата сезона за екипата на Скопје, Десниќ одигра 30 натпревари, постигна два погодоци и забележа две асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!