ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар се засили и со Владимир Жоглев

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денес го промовираше и Владимир Жоглев како најново засилување за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

23-годишниот напаѓач доаѓа од редовите на Тетекс, а во својата кариера има настапувано за Осогово, Победа, Борец и Скопје.

По три одиграни кола во Втора лига, Вардар има две победи и едно реми, и вкупно седум освоени бодови. Во следното коло Вардар на домашен терен ќе игра против Борец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!