ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар само до реми, Воска, Охрид и Силекс пресилни за противниците

Стартот од новата сезона во Втората лига – Запад донесе убедливи победи во 1. коло. Силекс, Охрид и Воска Спорт без милост ги декласираа противниците.

Кратовчани на гостувањето кај Кадино забележаа убедлива победа од високи 0:3. Филип Стојчевски во 26. минута ја стресе мрежата на Андов со што беше отворен резултатот. На стартот од вториот дел Силекс го осигури водството со втор гол, а стрелец на истиот беше младиот Давид манасиевски. Конечните 0:3 ги постави Бурхан Алији.

Новајлијата Воска Спорт го прегази Гостивар на гостински терен со високи 0:4. Избраниците на Цицмиловиќ низ тотална доминација на теренот само уште еднаш ги потврдуваат високите амбиции. Во првиот дел од натпреварот мрежите мируваа и на двете страни, додека пак во вториот дел тимот од „Грашница“ буквално доминираше. Во 58. минута капитенот Изаир Емини ја погоди мрежата на Анѓелковски. Осум минути подоцна Шпенд Асани ја удвои преноста за охриѓани. Младиот Бехар Фета во 86. минута зголеми на 0:3, а конечните 0:4 ги постави Албнор Каба.

Вардар со млади сили можете само до реми без голови (0:0) на тешкиот терен во Дебар против екипата на Кораб. Најтрофејниот македонски клуб кој во новата сезона има за цел експресно враќање во елитата дома се враќа само со бод.

Тетекс се врати на Градскиот стадион во Тетово и успеа да забележи голема победа над Велешта од 2:1. Во интересен и неизвесен натпревар „штофарите“ преку Поповски уште во 11. минута го отворија резултатот, додека пак гостинот пред крајот на првиот дел преку Агон Хајредини израмнија на 1:1. Во вториот дел капитенот Нинослав Здравковски ја погоди мрежата на Јонуз за конечните 2:1.

Охрид низ тотална доминација го декласираше новиот член на Втората лига – Запад, екипата на Беса од Добри Дол со високи 4:1. Игор Клечкароски беше двоен стрелец во 26. и 51. минута од натпреварот, додека пак во листата на стрелци за Охрид се запишаа и Борјна Пановски и Виктор Наумовски.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!