ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар прв, Гостивар втор, Пелистер во „аут“, Тетекс и Борец никако да победат

Во Втората македонска фудбалска лига се одиграа 11 натпревари, односно 11. коло. Токму и ова кола донесе мали промени околу местата кои водат во Прва лига.

Лидерот Вардар сосема очекува ја доби Слога во Виница со убедливи 0:3 и остана на врвот од табелата со 28 бодови, а пак од друга страна Гостивар сигурно славеше во локалото дерби со Арсими со 2:0 и со тоа стигна до осмиот сезонски триумф. Гостивар го искористи киксот на Воска, и сега е на второто место со 27 бодови, три повеќе од Воска, која сега е на третото место со 24 бодови, откако одигра 2:2 со Кожуф.

Охрид дефинитивно гази се пред себе и има шест последователни победи. Големата победничка низа го искачи клубот на четвротото место со 22 бодови и сигурно ги напаѓа местата кои водат во Прва лига. Охрид пред две сезони играше бараж за Прва лига, но во пенал рулетот немаше среќа и беше поразен од Ренова, која го задржа прволигашкиот статус, а во минатата сезона Охрид во последните кола директно опстана во Втора лига. Дефинитивно, по променливата форма на стартот од сезоната, Охрид се стабилизираше и нижа победи против големи фаворити, а со ваква форма и со ваков притисок Охрид може да направи изненадување кога е во прашање пласманот во фудбалската екипа на Македонија.

Детонит Плачковица продолжува со позитивните резултати, откако во Македонска Каменица одигра 1:1 против Каменица Саса. Радовишани со играч помалку цело второ полувреме во судиското надополнување обезбедија бод, а Александар Смилков ја „расплака“ домашната публика, која на крај мораше да се задоволи само со бод во тешката борба за Саса во Втора лига.

Радовишани со 21 бод се наоѓаат на петото место на табелата, пред Пелистер кој е на шестото место со 20 бодови и е во „аут“ од местата кои водат во Прва лига. Битолчани загубија од Караораман во Струга (2:1) и со тоа повторно продолжуваат да паѓаат на местата, додека пак стружани се искачија на седмото место со 17 бодови, откако врза две победи.

Беласица сосема очекувано го декласираше Тетекс (4:0) и сега се на осмото место на табелата со 15 бодови, но во секој случај, Беласица е далеку полоша од минатата сезона, кога доминираше во Втора лига – Исток и стигна до бараж за ПМФЛ, кој го загуби од прволигашот Скопје (2:1) на Градскиот стадион во Штип.

Беса го забележа вториот последователен пораз и се спушти дури и до деветото место на табелата со 14 бодови, откако на домашен терен беше поразена од Охрид (1:3).

Новајлијата Арсими продолжува со променливата форма и по 11 одиграни натпревари се наоѓа на десетото место со 13 освоени бодови. Новиот второлигаш вчера беше поразен во локалното дерби од Гостивар (2:0).

Кожуф одигра храбар меч во Охрид и откина два бода од фаворитот Воска. Тимот од Гевгелија предводен од штипјанецот Трајче Сенев од Охрид донесе бод со кој Кожуф е на 11-тото место на табелата со 11 бодови и пополека започнува да граба кон сигурен опстанок во ВМФЛ.

Локомотива Пехчево го доби дербито од долниот дел од табелата против Борец (3:2) и ја впиша својата втора сезонска победа. Трите нови бодови на контото на Локомотива значат прогрес и до 12-тото место на табелата со 10 бодови и мало бегство од опасната зона која води во Трета лига.

Каменица Саса втор натпревар во низа испушта бодови со кои можеше да направи сериозен прогрес на табелата. „Рударите“ во претходното коло од Охрид на „Билјанини Извори“ во финишот од мечот примија гол и останаа без бодови, а пак вчера на домашен терен во судиското надополнување примија гол во мечот со Детонит Плачковица и мораа да се задоволат само со бод. Со девет бодови Саса е на 13-тото место.

Слога од Виница сосема очекувано беше поразена од лидерот Вардар и се наоѓа на 14-тото место со девет бодови.

Тетекс продолжува да тоне кон испаѓање во Трета лига – Запад. „Штофарите“ запиша нов катастрофален пораз во Струмица од Беласица со високи 4:0 и со тоа остануваат „законани“ на претпоследното место на табелата со седум бодови.

Борец иако прави промени, позитивни резултати никако да забележи. Ланскиот прволигаш од Велес е единствениот без бодови во Втора лига и со нула бодови е длабоко на дното од табелата и доколку во следните неколку кола не забележи триумф, сосема сигурно ќе биде дека Велес ќе остане и без второлигашки фудбал, откако минатата година остана и без прволигашки фудбал.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!