ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар промовираше четири нови имиња за новата сезона од Втора лига

Македонскиот второлигаш Вардар, кој е најтрофеен македонски фудбалски клуб, денес промовираше четири нови засилувања за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.

Нови имиња во таборот на „вардарци“ се Јорго Папули, Боби Целески, Христијан Вецески и Матеј Николов.

21-годишниот Папули ќе ја засили одбраната на Вардар, а доаѓа од редовите на романска Стеауа. Целески е 25-годишен голман, а во Вардар доаѓа од редовите на прволигашот Скопје. 23-годишниот Вецески е играч од одбраната и средниот ред, а доаѓа од битолски Пелистер, додека пак Николов е 21-годишен играч кој игра на позицијата лев бек и доаѓа како слободен играч.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!