Фудбал - ПРВА ЛИГА
Вардар прокоцка предност од два гола и ремизираше со Македонија ЃП

Актуелниот првак Вардар повторно испушти победа и на крајот мораше да се задоволи со бод, откако ремизираше со Македонија Ѓорче Петров на домашен терен играјќи 2:2, во претпоследното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.
Вардарци го отворија резултатот во 19. минута од натпреварот, а стрелец на голот беше Мирчевски. Во вториот дел од натпреварот Вардар зголеми на 2:0 преку Цветановски. Во останатиот дел од натпреварот играта на „црвено-црните“ падна, а „лавовите“ одиграа фантастично второ полувреме. Во 57. минута Калид стрелаше за 2:1, додека во 67. минута искустиот Божиновски погоди за 2:2.
Вардар со 22 бодови е на седмото место на табелата, додека Македонија ЃП со 33 бодови е на делба на втората позиција.