ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Вардар постигна договор за соработка со Локомотива од Скопје

Како дел од стратегијата за развој на младинските категории најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар постигна договор за соработка со фудбалскиот клуб Локомотива од Скопје кој се натпреварува во Трета лига – Север.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Со овој договор ФК Вардар ги презема терените на ФК Локомотива кои што ќе се користат за тренинг на младинските категории на „вардарци“, а клубот од Карпош ќе продолжи да функционира како клуб за развој со поддршка од ФК Вардар каде што ќе добиваат шанса за настап помладите играчи на „црвено-црните“.

Преку оваа соработка ФК Вардар вложува во програма за континуиран фокус на техничкиот, тактичкиот и физичкиот развој на младите фудбалери во младинските школи со надеж дека во иднина ќе се создадат и развијат фудбалери кои што ќе бидат спремни за настап во првиот тим.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!