ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Вардар одигра нерешено со Саса на контролен натпревар

Второлигашот Вардар денес го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за новата сезона од Втората лига – Запад против Каменица Саса кој заврши без победник и без погодоци на Градскиот стадион во Македонска Каменица (0:0).

Најтрофејниот македонски клуб во новата сезона влегува со единствена цел – експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Како за контролен натпревар тренерите и на двете страни доста менуваа, така што најголем дел од фудбалерите и во двата тима добија шанса да бидат дел од натпреварот кој многу потсети на прволигашкиот сон кој го живеевме во минатиот век.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!